Macedonian Albanian English German Italian

   Home Архива

2.МФЛ - 3.коло: "Дербито во Прилеп"

Четврток, 19 Август 2010 22:40
Печати PDF

Во 3. коло од 2. МФЛ најголемо внимание секако привлекува дуелот помеѓу 11 Октомври и Беласица кој ќе се одигра на стадионот Гоце Делчев во Прилеп кој треба да најави дали 11 Октомври полека, но сигурно влегува во ритам по најавите дека е помеѓу најсериозните кандидати за влез во прва лига, а младиот и "полетен" тим на Беласица е вистински испит за амбициозните прилепчани.
Во преостанатите натпревари  Охрид Лоте на домашен терен ќе се обиде да го зграпчи целиот плен против тимот на Влазними од Струга кој во средата приреди изненадување во купот против тетовска Шкендија со победа извојувана на пенали.
Во дербито на дното екипите на Ринија од Гостивар и Влазрими од Кичево ќе се обидат да ги прокнижат првите второлигашки бодови во новата сезона, а блага предност има Ринија поради домашниот терен.
Тимот на Новаци ќе го пречека одлично воиграниот тим на Миравци кој приреди сензација во куп натпреварот против актуелниот вицешампион Работнички и успеа да го елиминира од понатамошните борби, а дали тоа беше само еден одличен ден за Миравци или сепак најавуваат "атак" кон прва лига во новава сезона останува да видиме.
Новиот второлигаш, Еуромилк од Горно Лисиче, на домашен терен ќе има тешка задача против Охрид 2004 кој во оваа сезона е далеку поконкурентен за разлика од минатата сезона, а според квалитетот популарните "рибари" имаат капацитет да приредат изненадување против тимот на Еуромилк.
Екипите на Тиквеш и Дрита на домашен терен ги пречекуваат екипите на Локомотива, односно Цементарница и според квалитетот на тимовите домашните екипи не би требало да имаат којзнае каков проблем да ги освојат бодовите, знаејќи дека и Тиквеш кој сезонава најавуваа прволигашки амбииции и Дрита која важи за домашна екипа се поквалитетни противници во моментов.

Двојки - Табела

Последно освежено на Петок, 20 Август 2010 19:15
Банер
Банер