Macedonian Albanian English German Italian

   Home Архива

Екипите активни во преодниот рок

Вторник, 04 Јануари 2011 15:04
Печати PDF

Својот потпис за екипата на Шкендија го стави Блерим Гуѓуфи кој ќе ја засили голманската позиција, a eкипата на Хоризонт Турново го доведе играчот Џеват Шаќири од Ринија Гостивар.

Исто така активни се и екипите од  2 МФЛ во пресрет на полусезоната. Екипата на Ринија го доведе Беќир Синани и Ертан Хасан, а додека во Охрид 2004 потпишаа Филип Митрески за Охрид Лоте, Гоце Маркоски од Лешани и Валентин Целески од Дебрца.

Второпласираниот во 2 МФЛ, екипата на ГФК Тиквеш во своите редови го доведе играчот Паноски Александар од екипата на Бабуна.

Во женскиот фудбал, за екипата на Билјанини Извори 2010 потпиша Христина Влавческа која дојде од екипата нa Победа Прилеп.

 

 

Последно освежено на Вторник, 04 Јануари 2011 20:22
Банер
Банер