Macedonian Albanian English German Italian

   Home Архива

Тричковски и Новески меѓу најдобрите

Вторник, 04 Јануари 2011 15:56
Печати PDF

На гласањето организирано од медиумите гласаа играчите и новинарите,а според нив Иван Тричковски го доби признанието за најдобар странски играч во Првата лига во Кипар. Во екипата на АПОЕЛ дојде во јуни 2010 година, а во 13 натпревари постигна седум голови што беше доволно да ја освои наградата.

Уште еден наш репрезентативец меѓу најдобрите но во Бундес лигата.Тиражниот "Кикер" го класифицираше Новески на шестата позиција за најдобар дефанзивец во Бундес-лигата за изминатата година. Пред него се наоѓаат двоецот од Борусија Дортмунд, Хумелс и Суботиќ, потоа фудбалерот на Баерн Минхен Тимошчук, Емануел Погатец од Хановер, но и Жеромел од Хановер. Тоа е изборот на "Кикер", меѓутоа многумина од фановите не се согласуваат со тиражниот спортски магазин, со оглед дека нивното мислење е дека Новески заслужува да биде барем на третото или во "најлош" случај на четвртото место, а згора на тоа Тимошчук од Баерн не е класичен дефанзивец.

 

 

Последно освежено на Вторник, 04 Јануари 2011 16:53
Банер
Банер