Macedonian Albanian English German Italian

   Home Архива

Можност на пријателски натпревар со Бугарија, Хрватска , Колумбија...

Среда, 05 Јануари 2011 13:20
Печати PDF

Босанците ја прифатија примамливата понуда во овој термин да играат против Мексико на затворениот стадион „Џорџија доум“ во Атланта, САД.

Сега во опција се неколку противници како Бугарија, Хрватска, а има и понуда од Колумбија за меч во Анталија , во пресрет на квалификацискиот дуел за Европското првенство во 2012 година, против Република Ирска, кој нé очекува на 26 март во Даблин. Ова ќе биде последната можност за шефот на стручниот штаб за проверка на играчите на кои ќе смета во продолжението од квалификациите.

Да споменеме дека во квалификациите за ЕП 2012, Македонија е на претпоследното место во групата Б со четири бода, зад селекциите на Русија (9), Ирска (7), Ерменија (7) и на Словачка (7), а зад нас е само Андора, без бодови.

 

 

 

Последно освежено на Среда, 05 Јануари 2011 13:53
Банер
Банер