Macedonian Albanian English German Italian

   Home Архива

Работнички најактивен во преодниот рок

Недела, 23 Јануари 2011 23:05
Печати PDF

Првопласираната Шкендија своите редови ги засили со искусните Кемал Аломеровиќ (Зејар Шве Мјај, Мјанмар) и Маријан Мицков (Ренова), како и младиот Блерим Гуѓуфи (Слога Ј.). Додека тимот го напуштија, барем засега, Мумин Салаи кој премина во второлигашот Ринија како и Маријан Андонов кој премина во тимот на Работнички.
Второпласираната Ренова се засили со Сашко Ристов и Генц Исени (Тетекс), Драган Трајковски (Милано) и Кирил Степановски (Напредок), додека тимот го напуштија Маријан Мицков кој премина во есенскиот шампион Шкендија, Агрон Мемеди замина во Металург и Игор Стојанов кој сеуште е без клуб.
Третопласираниот Работнички засега е најактивен на трансфер пазарот.Дебармаалци се засилија со Крсте Велковски (Енозис Паралимни, Кипар), Благоја Тодоровски (Динамо Букурешт, Романија), Александар Радовиќ (Елбасан, Албанија), Маријан Андонов (Шкендија), Звонимир Станковиќ (Локомотив Софија, Бугарија), Ристо Митревски (Напредок) и Панче Ќумбев (Легија Варшава, Полска). Тимот го напуштија Владимир Секуловски кој замина во Шкумбини, Дос Сантос Вандаир, Кристијан Синковиќ, Роберто Карлос, Франциско Да Силва Марсио, Гоце Тодоровски, Фабио Де Силва, Бобан Џангаровски сите во Вардар, Горан Димоски (Дачија, Молдавија), како и Филип Мишевски, Фернандо Лопес и Сашо Велјановски(Пелистер).
Четвртопласираниот Металург осетно ги засили својте редови па новајлии во тимот од железара се Драган Начевски (Илоуполи, Грција), Баже Илијоски (Женжон, Ј. Кореја), Климент Настевски (Кршко, Словенија), Агрон Мемеди (Ренова) и Александар Крстески (Шкумбини, Албанија), додека тимот го напуштија Ертан Демири (Ал Тавон, С. Арабија), Благојче Дамевски и голманот Јорде Георгиевски.
Петтопласираниот Хоризонт Турново своите редови ги засили за Драган Георгиев (Мајнц 05, Германија), Џевад Шаќири (Ринија), Стефан Павловиќ (Србија), додека тимот засега никој официјално го нема напуштено.
И последниот тим од првата шесторка, Тетекс засега ги ангажираше Немања Павловиќ (Мачва Шабац, Србија), Горан Силјановски (Вардар), Јовица Столевски (Славија), додека од друга страна тимот го напуштија Оливер Пеев кој премина во турскиот второлигаш Болуспор, во турската втора лига замина и Милан Ристовски во тимот на Тавшанли Линитспор, како и Димче Ристевски кој го засили Вардар, Марјан Белчев (Шкумбини, Албанија), Љупчо Кметовски (Металург) и Никола Тасиќ.
Ова барем засега се трансферите во  шестте првопласирани екипи кои ќе ја бараат шансата за излез на евросцената.

Утре следува преглед на трансферите на втората половина од прволигашката табела.

Последно освежено на Недела, 23 Јануари 2011 23:40
Банер
Банер