Macedonian Albanian English German Italian

   Home Архива

Вардар со нови играчи до опстанок

Понеделник, 24 Јануари 2011 23:10
Печати PDF
табелата кои грчевито ќе се борат за избегнување на најлошото ги засилуваат своите редови. Така седмопласираниот Силекс како и во изминатите трансфер рокови се ориентира кон српскиот пазар па така во своите редови ги доведе Милан Николиќ (Слога Петровац) и Саша Стојановиќ (Јагодина), додека во обратен правец единствено тимот засега го напуши Златко Бошковски кој има неколку понуди.
Осмопласираниот Напредок пазареше кај соседот Влазрими па оттаму ги донесе Артан Сејдини и Агрон Зеќири, како и Игор Зафировски, Сашо Лазаревски (Новаци), Драган Родиќ (Инџија, Србија), како и Роберт Стојановски, додека засега тимот го напуштија Ристо Митревски кој премина во Работнички, Кирил Степановски го засили тимот на Ренова и Никола Зердески.
Деветопласираната Брегалница успеа да ги засили своите редови со Горан Пројков (11 Октомври),  Митрев (Осогово) и Немања Брадоњиќ (Пелистер), додека тимот го напуштија Горан Поп Панев, Љупчо Колев и Михаил Донев кои сеуште се без клуб.
Десетопласираниот тим на Скопје барем засега своите редови ги засили со Леонард Калаба и Идаи Бајрами додека тимот го напушти младиот Јасмин Мециновиќ кој премина во молдавскиот Шериф Тираспол.
Единаесетиот на прволигашката табела Вардар засега е најактивен па успеа да ги доведе Вандаир, Синковиќ, Роберто Карлос, Фабио Де Силва, Бобан Џангаровски, Фернандо Лопез, и Гоце Тодоровски (сите од Работнички), како и Димче Ристевски (Тетекс), Емир Шабани (Металург) и Тиаго Родригез.
И дванаесетопласраниот тим на Пелистер засега ги анагажираше Сашо Вељановски (Работнички), Антонио Бујчевски (Новаци), како и Александар Василев, Владе Китановски, Благојче Ралевски и Благојче Коњарски, додека тимот го напуштија Владица Брдаровски кој премина во Брно како и Никола Стојановски.
Последно освежено на Вторник, 25 Јануари 2011 14:18
Банер
Банер