Macedonian Albanian English German Italian

   Home Архива

Екипите започнуваат со одигрување на контролни натпревари

Вторник, 25 Јануари 2011 22:43
Печати PDF
така полека но сигурно доаѓа онаа поинтересна фаза, барем за играчите, каде се играат контролните дуели. Па така нашиот најпопуларен туристички центар Охрид овие денови ќе биде центарот на одигрување на пријателски натпревари па така и администрацијата на www.makfudbal.com од лице место ќе ги следи натпреварите и ќе известува за истите за играта и резултатот . Но да одиме со ред. Веќе на 30.01 во Охрид лидерот во второлигашката конкуренција, тимот на Охрид 2004, ќе ги одмери силите со лидерот на 3. лига Југозапад, тимот на Подмочани. А истиот ден на 30.01 се играат уште два натпревари. Најпрвин во Негорски Бањи каде што тимот на Металург се наоѓа на подготовки, силите ќе ги одмерат тимовите на Металург и Тиверија додека истиот ден во Скопје второлигашот Цементарница ќе биде домаќин на прволигашот Силекс од Кратово. На 01.02 на националната Филип Втори арена во Скопје тимот на Работнички ќе одигра меѓународен пријателски натпревар против српскиот прволигаш Хајдук Кула. На 04.02 во Охрид силите ќе ги тестираат екипите на Охрид 2004 против прволигашот Напредок, додека ден подоцна на 05.02 исто така во Охрид меѓународен пријателски натпревар ќе одиграат тимовите на актуелниот шампион на Македонија тимот на Ренова и Јавор (Србија). На 07.02 во Охрид силите ќе ги одмерат Охрид 2004 и Ренова. Додека на 09.02 во Охрид ќе има два меѓународни пријателски натпревари, а ќе се сретнат екипите на Металург против тимот на Смедерево (Србија) и тимот на Ренова против тимот на Хајдук Кула (Србија). Едниот натпревар ќе се игра на стадионот Билјанини Извори во Охрид, додека другиот на терените на ФФМ исто така во Охрид. На 12.02 во Охрид актуелниот куп освојувач Тетекс ќе игра против Металург. Додека на 16.02 меѓународен пријателски натпревар ќе одиграат екипите на Металург и Хајдук Кула (Србија) исто така во Охрид. На 26.02 во генералната проба пред стартото на првенството во Скопје тимот на Работнички ќе одигра меѓународен пријателски натпревар против тимот на Напредак Крушевац (Србија).

Дел од нашите прволигаши, Шкендија, Хоризонт Турново, Работнички и Пелистер своте подготовки ќе ги извршат во Анталија (Турција), додека Вардар ќе замине во Макарска (Хрватска).
Засега единствено тимот на Шкендија закажа натпревари и тоа на 29.01 против тимот на Пакс (Унгарија), на 02.02 против Таврија (Украина) и на 04.02 против Кајзер (Казакстан).
Колку само за напомена во нашиот најпопуларен туристички центар ќе се подготвуваат поголем дел од нашите прволигашки екипи како и екипи од соседна Албанија и Србија.
Ова се барем засега оние договорени натпревари, а во текот на наредните денови ќе ве информираме и за други контролни натпревари кој ќе се одиграа низ цела Македонија.

 

Распоред и Резултати

Последно освежено на Вторник, 25 Јануари 2011 23:11
Банер
Банер