Macedonian Albanian English German Italian

   Home Архива

"Новиот" Вардар стартуваше со тројка

Четврток, 27 Јануари 2011 21:47
Печати PDF

Во дуелот на проволигашите, домаќинот Скопје и Силекс од Кратово одиграа квалитетен меч, а крајниот резултат гласеше 1-1.Тимот на Силекс покажа повеќе од играта и имаше и неколку шанси но на крај мораше да се задоволи само со 1-1.Евидентно беше тоа што Силекс на теренот изгледаше доста поспремен што секако беше за очекување со оглед дека многу порано од Скопје ги започнаа подготовките.Во втората пресметка во Скопје новиот тим на Вардар со 3 парчиња го почести второлигашот Цементарница , резултат кој секако беше за очекување со оглед на прикажаното од двата тима.Дали со оваа победа Вардар најавува дека доаѓаат подобри денови за најтрофејниот македонски тим, останува времето да покаже.

Во сабота на програмата се нови 3 контролни натпревари,а се среќаваат Беласица-Осогово, Миравци-Тиквеш додека прв контролен натпревар во Анталија ќе го одигра есенскиот шампион Шкендија против тимот на Пакс од Унгарија.Во недела на програмата се 2 пријателски натпревари, а се среќаваат Цементарница-Силекс, Тиверија-Металург.

Распоред на одигрување на пријателските натпревари

Последно освежено на Петок, 28 Јануари 2011 14:44
Банер
Банер