Macedonian Albanian English German Italian

   Home

Охриѓанки амбициозни во пресрет на пролетниот дел од првенството

Среда, 02 Февруари 2011 18:08
Печати PDF

Како што се наближува стартот на Првата лига во женска конкуренција , Охриѓанки, сега под ново име Билјанини Извори 2010, со полна пареа се подготвуваат за пролетната полусезона.

Подготовките се одвиваат на СРЦ"Билјанини Извори" под палката на новиот стручен штаб Павлески - Ристески во одлична атмосфера, а според зборовите на претседателот Попоски, тие имаат задача да направат и изградат стабилен тим кој со текот на времето ќе напредува и изградува во тим кој ќе конкурира за освојување на шампионска титула.

Да споменеме дека Ристески и Павлески  се долгогодишни спортски работници кои имаат меѓународно искуство, а тренерскиот занает го печеле во Швајцарија и Германија. Според нивните зборови, екипата засега останува со истиот играчки кадар, освен Влавческа која дојде од Победа Прилеп.Сепак тие во своите редови ги имаат репрезентативките Савеска и Голубовиќ но мора да ја споменеме и Крстаноска и уште многу млади девојчиња кои заедно треба да го подобрат пласманот на прволигашката табела.
За в сабота е закажан и првиот контролен напревар со екипата на Топ Гол од Битола.
- Очекувам да прикажеме добра игра, и верувам дека резултатот ќе биде во наша корист, изјави Илкоска.
По овој натпревар со Топ Гол, следува пријателки натпревар во Прилеп со Победа на 20 февруари,како и возвратни дуели со истите екипи на 27 Февруари и 5 март.

Последно освежено на Среда, 02 Февруари 2011 18:46
Банер
Банер