Macedonian Albanian English German Italian

   Home Архива

Макфудбал со 10 000 Facebook обожаватели

Вторник, 19 Април 2011 15:47
Печати PDF

За нецели девет месеци откако сме online ги надминавме и своите очекувања и со навремено ажурирање на нашиот веб портал успеавме да собереме огромен број на посетители.Она што не радува е дека нашиот веб портал Макфудбал е доста посетуван и од странските држави што секако е еден мотив за уште поажурна работа. Затоа оваа можност ја користиме да изразиме огромна благодарност до ФФМ, Општинските сојузи, фудбалските работници, дегегатите ,судиите, тренери на екипите и играчите и сите други без кои не ќе можевме да го реализираме овој проект. Овој портал не е само наш , туку е од сите нас кој сакаме македонскиот фудбал да оди во нагорна линија.

Само да напоменеме дека Makfudbal.com од својот почеток на работа во Август 2010 година досега има точно 229.505 посети и 1,239,296 прочитани страници. Ова е и мотив плус за понатамошна  поуспешна работа.

Тимот на Макфудбал планира да го збогати својот сајт со информации , со извештаи и најави за секој натпревар без разлика дали се работи за натпревари од 1,2,3 или Општинска лига, Женски фудбал, Футсал како и од младинските категории, со што уште повеќе би ги стимулирале младите македонски таленти да покажуваат уште повеќе напредок се во цел за развој на МАКЕДОНСКИОТ фудбал. Затоа истакнуваме и една јавна покана до сите кои се заинтересирани да го подржат и помогнат  овој наш проект да не контактираат на е-маил било да е компанија, поединец или некој од надлежните државни органи одговорни за развој на спортот во нашата земја.

Последно освежено на Вторник, 19 Април 2011 20:19
Банер
Банер