Macedonian Albanian English German Italian

   Home Архива

Завршница на третиот по ред Турнир во мал фудбал „Охрид 2011“

Четврток, 21 Април 2011 11:06
Печати PDF

Во малото финале што ќе се игра со почеток од 19 часот за третото место силите ќе ги одмерат екипите на „Дисконт Царовски“ и на „Ликвид“, додека во големото финале односно за првото место од 21 часот ќе се борат екипите „Бекче“ и „Вис-Пој“.

На турнирот што од 5 април се одржуваше во спортската сала „Билјанини извори“ во Охрид учествуваа 24 екипи. Организаторот на турнирот, ЈП „Билјанини извори“ за најдобрите екипи обезбеди парични и други вредни награди, а награди се предвидени и за и најдобриот играч, голман и стрелец на турнирот.

Распоред за вечерашните натпревари:

Натпревар за 3-то место

19:00 Дисконт Царовски - Ликвид

Ревијален натпревар

20:00 ЖФК Билјанини Извори (А) - ЖФК Билјанини Извори (Б)

ФИНАЛЕ

21:00  Бекче -Вис Пој

Последно освежено на Четврток, 21 Април 2011 11:39
Банер
Банер