Macedonian Albanian English German Italian

   Home Архива

“Вис Пој“ триумфираше на Велигденскиот турнир во мал фудбал “Охрид 2011“

Петок, 22 Април 2011 12:09
Печати PDF
Тие во финалето беа подобри од екипата на “Бекче“ со 6-1, и во третото последователно финале “Вис Пој“ за прв пат успеа да го  освои трофејот. Головите за екипата на “Вис Пој“ ги постигнаа Мишо Ѓорѓиески (3), Лазески, Јованоски и Лошкоски, додека за елипата на Бекче голот го постигна Астрит Асани.

Состав “Вис Пој“ : Орце Лазески, Илче Пазаркоски, Димче Пазаркоски, Дејан Стефаноски, Мишо Ѓорѓиески, Зоран Лошкоски, Стевчо Јованоски, Наум Кочоски, Горан Ристески и Климент Пешликоски.

Состав “Бекче“: Александар Лупески, Гоце Маркоски, Оливер Маркоски, Артим Шаќири, Славчо Јосифоски, Горан Ставрески, Благоја Лолески, Астрит Асани , Благојче Ристевски и Николче Јовановски.

Третото место го овои екипата на “Дисконт Царовски“ од Битола  која беше подобра од екипата на “Ликвид “по изведувањето на пенали, во регуларниот тек резултатот  беше 1-1.
За најдобар играч на турнирот беше прогласен Мишо Ѓорѓиевски (Вис Пој), за најдобар голман беше прогласен Илче Петровски (Дисконт Царовски), најдобар стрелец беше Артим Шаќири(Бекче), а наградата за најферплеј екипа ја понесе екипата на “Ремис“.

Последно освежено на Петок, 22 Април 2011 12:34
Банер
Банер