Macedonian Albanian English German Italian

   Home Архива

Најава: 1. МФЛ 27. коло

Петок, 22 Април 2011 16:31
Печати PDF

Во Тетово има двојна програма најпрвин во 13 часот Ренова го пречекува тимот на Напредок и важи за фаворит на овој натпревар, додека во редовниот термин од 16 часот Тетекс ќе го нагости тимот на Силекс. Cо евентуален триумф на било која од екипите барем за момент ќе излезат од зоната на испаѓање, но блага предност на овој дуел имаат штофарите пред се благодарение на домашниот терен и нивниот 12-ти играч војводите.Во Штип Брегалница ќе се обиде да освои злато вредни 3 бода по кој ќе атакува и тимот на Скопје кој со триумф уште повеќе би се одлепил од Вардар во зоната за директно испаѓање во 2 лига.На “железара“ Металург е апсолутен фаворит во дуелот со Пелистер кој речиси е нов второлигаш и се освен победа на металурзите ќе биде еднакво на сензација.На “Филип втори“ арената Работнички е домаќин на незгодниот тим на Хоризонт Турново кој се наоѓа во златната средина но од друга страна романтичарите мораат да победат доколку сакаат да ги задржат шансите за излез на евросцената.Колку само за подсетување денеска во првиот напревар во ова коло во Тетово, Шкендија го совлада  Вардар со 2-0.

Банер
Банер