Macedonian Albanian English German Italian

   Home Архива

Најава 2 МФЛ : Мега дерби на СРЦ “Билјанини Извори“

Петок, 22 Април 2011 16:46
Печати PDF

Дербито на колото се игра во Охрид каде лидерот Охрид 2004 го пречекува тимот на 11 Октомври. Двата тима важат за најсериозни кандидати за влез во прва лига па со право очекуваме интересен дуел.

- Oваа година прославуваме 90 години од постоењето на Ф.К. Охрид. Влезот во Првата лига е најголемиот подарок што ќе им го дадеме на охриѓани за овој јубилеј, пред се на навивачката група “Рибари“. Утре очекувам полни трибини и сигурна победа на нашиот тим, изјави Менде Неделковски член на управата на Ф.К. Охрид 2004.

Во другите натпревари,  Миравци и Тиквеш на домашен терен ќе се обидат да прокнижат бодови во дуелите со Влазними односно Дрита, додека на натпреварите Цементарница-Влазрими и Локомотива Охрид Лоте ќе се водат бескомпромисни борби за драгоцените три бода со кој победниците ќе бидат поблиску до опстанокот.Во преостанатите дуели се среќаваат Беласица-Ринија и Еуромилк-Новаци.

Последно освежено на Петок, 22 Април 2011 17:21
Банер
Банер