Macedonian Albanian English German Italian

   Home Архива

Утре свечено отворање на Националната Арена „Филип II“

Сабота, 23 Април 2011 20:35
Печати PDF

Точно на прв ден Велигден во 21 часот е закажано свеченото отворање на новоизградената Национална арена „Филип II“ која од февруари 2008 година е во фаза на реконструкција и доизградба.

Првиот меч што ќе биде одигран на завршениот стадион ќе биде средба од првенството на Македонија в петок, меѓу Работнички и Тетекс или меѓу Вардар и Брегалница откако дополнително ќе биде одреден терминот и на двете средби.

Репрезентацијата својот прв натпревар на новата арена ќе го одигра на 4 јуни, против Р. Ирска, во квалификациите за ЕП 2012.

"Филип Втори" има капацитет за 33.460 гледачи.Стадионот ќе биде еден од најмодерните во регионот и пошироко, со 80 отсто покриени места за седење, два гигантски видеосемафори, новинарски ложи со 386 места, електронски бариери на влезовите, со проверка на билетите со баркод-читач, а од септември следува реконструкција на теренот и поставување нова атлетска патека.

Хеликоптерска видео снимка

Последно освежено на Сабота, 23 Април 2011 23:57
Банер
Банер