Macedonian Albanian English German Italian

   Home

2. МФЛ: “11 Октомври по планот, изненадување во Охрид“

Недела, 08 Мај 2011 21:45
Печати PDF

Во 22-то коло од 2. МФЛ неколку изненадувачки резултати.

Охрид 2004 на домашен терен одигра само 0-0 во дуелот со Дрита, лидерот 11 Октомври со победата 2-1 во дуелот со Новаци ширум ги отвори портите кон влез во првата лига, додека Новаци со овој пораз тешко дека ќе успее да обезбеди опстанок. Миравци на гостински терен забележа важна победа во борбата за бараж местата против тимот на Цементарница која со овој пораз си ја закомпликува ситуацијата и докрај ќе има тешка мисија да опстане во 2 лига. После катастрофата во купот, Тиквеш забележа минимална победа од 1-0 против Охрид Лоте и се зацврсти на 3. позиција, додека Охрид Лоте до крај ќе се бори да обезбеди опстанок. Во битката од средината на табелата Еуромилк на домашен терен беше поуспешен од тимот на Ринија, додека во Струмица Беласица со 3-2 беше поуспешна од тимот на Влазними. И во последниот натпревар во борба за опстанок Локомотива и Влазрими одиграа 2-2, резултат кој повеќе го посакуваа гостите.


Последно освежено на Вторник, 10 Мај 2011 13:05
Банер
Банер