Macedonian Albanian English German Italian

   Home Архива

Познати противниците на Шкендија во ЛШ

Четврток, 26 Мај 2011 22:07
Печати PDF

Eдинствено послаб клубски коефициент има само преставникот на Албанија Скендербег.Потенциални противници на Шкендија се 17 екипи и тоа:
1 Бате Борисов - Белорусија
2 Макаби Хаифа - Израел
3 Динамо Загреб - Хрватска
4 Розенборг - Норвешка
5 Партизан - Србија
6 Апоел - Кипар
7 Висла - Полска
8 Штурм - Австрија
9 Литекс - Бугарија
10 Слован - Словачка
11 Плзен - Чешка
12 Марибор - Словенија
13 Хелсинки - Финска
14 Екранес - Латвија
15 Зестафони - Грузија
16 Малме - Шведска
17 Шамрок - Ирска
Ова се имињата на 17 потенциални противници на Шкендија во 2 квалификационо коло од најпрестижното европско натпреварување. Ждрепката ќе се одржи на 20.06.2011 во Нион (Швајцарија) со почеток во 12 часот. Доколку Шкендија успее да ја помине оваа фаза и се пласира во 3 квалификационо коло и со евентуалне пораз во 3 квалификационо коло Шкендија стекнува право да ги продолжи евро настапите во плеј оф натпреварувањето во Европа лига, а доколку ги заврши настапите во 2 квалификационо коло тоа ќе значи крај на евро настапите. Реално гледано од овие 17 противници Шкендија единствено би можела да се носи со преставникот на Грузија Зестафони и преставникот на Литванија Екранес и преставникот на Ирска Шамрок. Но фудбалот не би бил интересен доколку нема изненадувања па без разлика кој да противникот се надеваме дека нашиот шампион ќе приреди изненадување. Уште за потсетување првите натпревари се играат на 12 или 13 јули, а реваншите се една недела подоцна на 19 или 20 јули.

 

Последно освежено на Четврток, 26 Мај 2011 22:37
Банер
Банер