Macedonian Albanian English German Italian

   Home Архива

Повредите го реметат ритамот на националниот тим

Среда, 01 Јуни 2011 12:21
Печати PDF
Поради повреда дефинитивно отпадна Ацо Стојков и на неговото место е повикан Благоја Тодоровски од екипата на Работнички.

На повреда се жали и Горан Попов , но лекарскиот тим прави напори да го оспособи до сабота во спротивно ќе биде повикан нов играч.

- Свесни сме дека победа против Ирска ќе не доближи до врвот на табелата онолку колку што сега сме далеку . Имаме проблеми со повредите но тука се младите играчи кои ќе можат да ја искористат укажаната шанса како на пример младиот Стефан Ристовски кој доколку продолжи овој ритам на повреди може да добие шанса. Што се однесува до изборот на голман подеднакво конкурираат Богатинов и Нурединоски.

Ирска е репрезентација која игра многу различно во гости во однос на натпреварите дома со долги топки , но ние ќе се обидеме да бидеме побрзи, особено поорганизирани и пострпливи во средниот ред - изјави селекторот Мирсад Јонуз.

За репрезентативците Пандев и Шиков важно е да се одигра на ниво, и веруваат дека конечно во нашиот тим како сојузник ќе се појави среќата.

-Играме пред преполни трибини, нов стадион и квалитетен противник. Сето ова дополнително не мотивира да одиграме максимално квалитетно и да постигнеме резултат кој сите го посакуваме а тоа е победа - најави добра игра капитенот Горан Пандев.

Извор: www.ffm.com.mk

Банер
Банер