Macedonian Albanian English German Italian

   Home Архива

Павловиќ и Драговиќ нови засилувања во екипата на Металург

Петок, 17 Јуни 2011 12:37
Печати PDF

Голманот Павловиќ доаѓа од иранската екипа Шахрдари, а претходно тој има веќе настапувано во македонснкото првенство за тимот на Пелистер. Штоперот, 29-годишниот Горан Драговиќ доаѓа од екипата на Јавор од Ивањица со 54 настапи за оваа екипа. Претходно најголем дел од својата кариера ја има поминато во Вождовац, а има играно и за Раднички од Белград.

Инаку, на крајот од оваа сезона, клубот го напуштија Милан Илиевски, Милан Ѓуриќ и голманот Петар Баснарков, на кои иако не им завршуваа договорите, клубот им дозволи да си заминат. Во меѓувреме, договорот го продолжи талентираниот Нинослав Додевски.

Последно освежено на Петок, 17 Јуни 2011 13:02
Банер
Банер