Macedonian Albanian English German Italian

   Home Архива

Дардан Мифтари во Руфеја, Никола Лесендриќ во Љуботен

Понеделник, 04 Јули 2011 16:21
Печати PDF
Мифтари кој во досегашната кариера има настапувано и за Слога, Шкендија, Дрита, Скопје...ќе се обиде премиерниот настап во 2 лига за тимот од Милетино да го завршат според планот. Руфеја преговара и со досегашните играчи на Ренова Дарко Игњатовски и Фестим Адеми,а дали ќе најдат заеднички јазик останува да видиме. Минатогодишниот конкурент на Руфеја, Љуботен од Тетово кој поради лошата финасиска состојба 3 години по ред завршува втор на западот го ангажираше робусниот Никола Лесендриќ. Лесендриќ потекнува од младинската школа на ОФК Белград кој има и македонско државјанство па непречено ќе може да го носи дресот на Тетовските плави кој добиваат одличен шпиц играч. Според најавите од најстариот клуб до крајот на преодниот рок Љуботен ќе ангажира уште неколку квалитетни играчи се со цел конечно да се пласира во 2 лига.

Банер
Банер