Macedonian Albanian English German Italian

   Home Архива

СП ФУТСАЛ: Македонија домаќин на квалификациска група

Понеделник, 04 Јули 2011 23:07
Печати PDF

Македонија е одредена за домаќин на претквалификациски турнир , а воедно поради добрите резултатит во последниот период е и носител и ќе биде извлечена од првиот шешир. Извлекувањето на групите ќе биде извршено на 7. Јули во 14ч. во Нион

Покрај Македонија домаќини на квалификациски турнири се и Летонија, Грузија, Бугарија и Естонија.

Според пропозициите прелиминарната рунда во која учествуваат 20 селекции ќе се одржи од 19.-23 октомври 2011г. со учество на по четири селекции. Првопласираните селекции од 5-те групи и најдобрите 2 второпласирани патуваат во втората главна квалификациска рунда во која ќе бидат формирани 7 групи со учество на 28 селекции , од кои првопласираните две патуваат во баражот за Светското првенство.

Извор: www.ffm.com.mk

Банер
Банер