Macedonian Albanian English German Italian

   Home Архива

Аугенталер, Жирес и Блажевиќ нови кандидати за селекторската функција

Понеделник, 04 Јули 2011 23:09
Печати PDF

Преку македонскиот интернационалец Саша Ќириќ кој живее и работи во Германија интерес за функцијата пројавил прославениот првотимец на Баерн Минхен и германски репрезентативец, Клаус Аугенталер кој има и забележително тренерско педигре како асистент на Џовани Трапатони во Баерн Минхен потоа и тренер на оваа екипа. Покрај во Баерн Минхен, Аугенталер беше на клупата на Нирнберг, Баер Леверкузен, Волфсбург , Унтерахинг...

Повторно со голем интерес како и пред изборот на Мирсад Јонуз контактираше и легендарниот хрватски тренер и селектор, Ќиро Блажевиќ кој во моментов е селектор на Олимписката репрезентација на Кина...

Направени се и контакти со менаџерот на познатиот француски тренер, Алан Жирес кој во моментов е селектор на репрезентацијата на Мали и е подготвен да застане на селекторската функција по завршувањето на актуелниот квалификациски циклус. Жирес покрај бројните клубови со кои работел бил селектор уште и на селекциите на Грузија и Габон.

Извор: www.ffm.com.mk

Банер
Банер