Macedonian Albanian English German Italian

   Home Архива

Работнички и Ренова денес ќе ги одиграат реваншите во Лига Европа

Четврток, 07 Јули 2011 09:44
Печати PDF

Работнички е фаворит пред вечерашниот реванш и речиси сигурен патник во второто квалификациско коло каде противник треба да му биде Јувенес Догана од Сан Марино.

Директниот пренос од натпреварот Работнички – Транс Нарва на Канал 5 почнува од 19:55.

Нашиот втор претставник Ренова во Северна Ирска ќе се обиде да ја зачува предноста во реваншот против Гленторан. Нашиот тим славеше со 2 - 1 во Скопје.Победникот од овој двомеч во второто квалификациско коло ќе игра двомеч против украинската Ворскла.
Средбата Гленторан - Ренова почнува во 20.45 ч.

Последно освежено на Четврток, 07 Јули 2011 09:52
Банер
Банер