Macedonian Albanian English German Italian

   Home Архива

ЛШ: Шкендија ја започнува својата европска авантура

Вторник, 12 Јули 2011 11:49
Печати PDF

Од таборот на Шкендија изјавуваат дека имаат полн респект кон противникот, за кого велат дека е еден од најдобрите во регионот. Порачуваат дека се задоволни од условите за работа и од реализираното во изминатите две недели во Австрија, во кои одиграа и две контролни средби: во првата загубија од словачкиот тим Кошице со 3:1, во вториот го совладаа романски Темишвар со 3:2.

- Верувам дека можеме да извлечеме поволен резултат. Би бил задоволен со реми, со постигнат гол, изјави Хасани за српските медиуми. Во Шкендија жалат што ќе немаат поддршка од нивните симпатизери, но одлуката за натпревари без гостински навивачи мора да се почитува. Таков беше заклучокот по состанокот во Белград меѓу претставници на министерствата за внатрешни работи на Србија и на Македонија, претставници на Партизан и Шкендија, генералните секретари на обата клуба, комесарите за безбедност, претставници на фудбалските федерации на обете земји и УЕФА.

Шкендија го дочекува двомечот со Партизан без четворица фудбалери од ланскиот шампионски ростер. Клубот го напуштија Нухији, Аломеровиќ, Мицков и Главевски, а во меѓувреме беа ангажирани Мишковски и Јовановски од Тетекс и Исени од Ренова. Натпревар меѓу Партизан и Шкендија се игра в среда во Белград на стадионот на ЈНА, со почеток од 20:45 часот.

 

Последно освежено на Вторник, 12 Јули 2011 12:15
Банер
Банер