Macedonian Albanian English German Italian

   Home Архива

Билети за натпреварот Металург-Локомотив во сите продажни места на „Купи карти за се“

Вторник, 12 Јули 2011 12:51
Печати PDF

Она што е извесно е дека експедицијата на бугарскиот претставник во среда во 13 часот пристигнува во Скопје и ќе се смести во хотелот Александар Палас. Еден час подоцна во истиот хотел ќе се одржи прес конференцијата на Металург, на која ќе бидат поделени новинарските акредитации за следење на натпреварот. Според првичната замисла на истата локација, за 14.30 е предвидена прес конференција и на гостинската екипа.

Вечерта двете екипи имаат закажано тренинг на стадионот на кој ќе се сретнат во четврток. Металург во 19, а Локомотив во 20,45, терминот на одржување на средбата.

Билетите за натпреварот Металург-Локомотив, што се игра в четврток со почеток во 20,45, ќе се продаваат на сите продажни места на „Купи карти за се“.

 

Банер
Банер