Macedonian Albanian English German Italian

   Home Архива

Посебни безбедносни мерки за вечерашниот натпревар Шкендија-Партизан

Вторник, 19 Јули 2011 12:50
Печати PDF

Изготвен е посебен план за физичко и сообраќајно обезбедување, а мерките и активностите ќе се одвиваат во три фази - пред почетокот, за време и по завршувањето на натпреварот.

Како што информира МВР, формиран е оперативен  штаб кој ќе биде задолжен за следење и координирање на мерките и активностите на сите служби преку мониторинг центарот.

Натпреварот ќе се одржува без присуство на гостинска публика, а доколку биде забележана ќе се враќа.

За успешно спроведување на безбеденото влегување на публиката, пред влезовите на трибината ќе бидат поставени два филтри, а претресот и кинењето на талоните од влезниците ќе го вршат вработени од агенција за обезбедување, а полицајците ќе им помагаат ако тоа е потребно.

Нема да биде дозволен влез за лица без влезници, ниту нивно задржување пред скалите. Нема да се пропуштаат и лица кои со себе носат предмети кои можат да ги фрлаат на стадионот.

МВР апелира навивачите и публиката да се однесуваат коректно и додава оти секој обид за нарушување на јавниот ред и мир ќе биде енергично спречен и ригорозно санкциониран.

Извор: MIA

Банер
Банер