Macedonian Albanian English German Italian

   Home Архива

„Црвено-црните“ со полн ефект се вратија од Златибор

Вторник, 19 Јули 2011 12:59
Печати PDF
Од вчера „црвено-црните“ се повторно во Скопје во очекување на почетокот на новото првенство, кое го отвораат на 30 јули на гости кај новиот прволигаш од Прилеп, 11 Октомври. На подготовките Вардар одигра два пријателски натпревари, во петокот беше совладан Челик со 1-0, а Ивановски беше стрелец на единствениот гол за триумф, додека во вториот натпревар беше совладана екипата наСлобода  Севејно со 3-1. Филип Петров со два гола и Филип Ивановски со еден, беа клучни во триумфот над Слобода во неделата попладне. Да споменеме само дека нови во составот на „црвено-црните“ се и двајцата српски фудбалери, бекот Предраг Ранѓеловиќ и играчот од среден ред Игор Стојаковиќ, како и Гроздановски кој дојде од екипата на Работнички.



Банер
Банер