Macedonian Albanian English German Italian

   Home Архива

ЛЕ: Металург и Работнички денес ги играат возвратните дуели

Четврток, 21 Јули 2011 08:36
Печати PDF
Работнички со предност од 1-0 на „Филип Втори” го пречкува претставникот на Сан Марино, Јувенес Догана, а Металург во Софија против Локомотив ќе се бори за позитивен резултат по минатонеделното реми без голови во Скопје. Работнички не би требало да има проблем со аматерите од Сан Марино и веќе може да мисли на следниот противник, кипарскиот Анортозис, а Металург ќе мора да остане непоразен и да постигне еден гол на гости за да се надева на третото квалификациско коло, каде ќе се сретне со подобриот од двобојот на полски Сласк и шкотски Данди.

Натпреварот Работнички- Јувенус Догана ќе можете да го гледате во живо на Канал 5 со почеток во 20ч.

Банер
Банер