Macedonian Albanian English German Italian

   Home Архива

Работнички во третото коло, Металург елиминиран

Петок, 22 Јули 2011 09:53
Печати PDF

Работнички очекувано ја потврди фаворитската улога и со четврата победа во исто толку натпревари се избори за третата фаза од квалификациите на ова натпреварување. Головите за Работнички ги постигнаа Борче Маневски во 35.минута, Филип Петковски во 50.минута и Милован Петровиќ во 60.минута.

Следен противник на Работнички ќе им биде Анартозис од Кипар. Првиот натпревар на 28 јули се игра на Кипар, а реваншот на 4.август во Скопје.

Вториот наш претставник Металург и покрај двете водства загуби од Локомотив. Нашиот претставник одлично го започна дуелот во Бугарија, па уште во 4. минута со погодокот на Миле Крстев дојде до преднсот од 1-0, по што на сцена стапија судиите кои досудија два доста сомнителни пенали, еден од нив бугарите не успеаа да реализираат преку Караџинов. Првиот дел заврши со наша предност и зголемени апетити дека може да се совлада оваа пречка, но како што погоре споменавме, судиите си го платија својот данок, црвен картон за Мемеди и втор пенал во 57. минута кој беше реализиран од страна на Преслав за 1-1. Покрај тоа што Металург играше со играч помалку, сепак повторно дојдоа во водство во 62 минута, овој пат стрелец на погодокот беше Илиоски и успешно ја чуваше предноста се до 85. минута кога Преслав го постигна и вториот погодок и во 89 минута кога Божинов погоди за 3-2 за победа на Локомотив.

„Се гордеам со мојот тим“, изјави Жикица Тасевски по натпреварот за бугарските медиуми. „Домаќините играа антифудбал и одат понатаму незаслужено. Ние им покажавме како треба да се игра фудбал. При резултат 2-1 за нас пропуштивме неколку шанси со кои можевме комплетно да го растуриме Локомотив. Вториот гол што го примивме беше постигнат на среќа, не дојде по некоја добра акција или комбинација. Што се однесува до судиските одлуки, воопшто не сакам да ги коментирам“, заврши тренерот на Металург.

Видео

Банер
Банер