Macedonian Albanian English German Italian

   Home Архива

Бабунски „предводник“ во Азербејџан

Вторник, 26 Јули 2011 11:17
Печати PDF

Раководството на ФФМ одлучи националниот тим за овој натпревар да го предводи селекторот на репрезентацијата до 21г. Бобан Бабунски кој веднаш потоа се враќа во младиот тим со кој го очекуваат квалификациски дуели за ЕП .

Македонската фудбалска репрезентација по разрешувањето на Мирсад Јонуз од селекторската функција по средбата со Р. Ирска во Скопје е без селектор. Во тек е постапката за избор на наследник на Јонуз.

До крајот на квалификацискиот циклус репрезентацијата треба да одигра уште четири квалификациски средби, а првата е на почетокот на м. Септември во Москва против Русија.

Дуелот со Азербејџан е планиран токму како подготовка за овие дуели.

- Како човек на федерацијата секогаш сум подготвен да помогнам на националниот тим кој е светост за сите нас. Најважно е во овој момент да се сконцетрираме на анимирање на играчите за да се претставиме во што подобро светло на гостувањето во Азербејџан. Едноставно да го продолжиме профилот што го создаваме во младата репрезентација и во А-тимот. Тие што ќе бидат повикани да го дадат максимумот, да одиграат квалитетно , професионално во Баку. Денеска упативме покани кон играчите, контактираме со нив и се надевам дека во текот на утрешниот ден преку сајтот на ФФМ ќе го соопштиме списокот за јавноста- изјави селекторот Бобан Бабунски .

Да потсетиме дека ова е вторпат Бабунски да седне на клупата на А-репрезентацијата на Македонија. Претходно ја предводеше нашата најдобра селекција на квалификациските дуели со Финска (пораз од 5-1), со Холандија во Амстердам (0-0) и на пријателската средба со Лихтенштајн во Вадуц (победа од 2-1).

Извор: www.ffm.com.mk

Банер
Банер