Macedonian Albanian English German Italian

   Home Архива

Тетекс ќе игра прволигашки фудбал!

Вторник, 26 Јули 2011 13:13
Печати PDF
Голем број од носителите на играта кој минатата сезона ги бранеа боите на штофарите заминаа, нo сепак со свои млади сили потпомогнати од староседелците и новите носители на игрaта Ѓорѓевски, Наумовски, Савевски, Урошевиќ, Столевски, Радоњиќ,Николовски и останатите кој останаа верни на белиот дрес во најтешката сезона од формирањето на клубот ќе се обидат да обезбедат опстанок. Секако тука ќе бидат и потпомогнати од верните војводи кој треба да бидат ветар во грб за овој млад тим. Кормилото на клубот според наши информации ќе припадне на тројката Стојмир Урошевиќ,Ивица Јовановски и Зоран Стерјовски кој ќе бидат пред тешка задача да склопат и припремат тим на само 3-4 дена пред стартот на првенството. Но како и да е добро е за македонскиот фудбал што сепак Тетекс продолжува да се натпреварува.

Банер
Банер