Macedonian Albanian English German Italian

   Home Архива

Македонија направи скок од две места на ФИФА листата

Среда, 27 Јули 2011 13:02
Печати PDF
Иако во јули не освои ниту еден нов бод, сепак, нашата фудбалска селекција забележа скок од две места на последниот ФИФА ранкинг. Со 338 ранкинг бода, Македонија овој месец го завршува на 96. позиција. При правењето на последната ранг листа беа земени во предвид 88 натпревар од кои скоро една третина се одиграа на Копа Америка. Актуелниот шампион на Јужна Америка, селекцијата на Уругвај забележа скок од 13 места и се најде на 5. позиција.
Шпанија и натаму води пред Холандија и Германија. Бразил со скок од едно место се најде на 4. позиција. додека Англија назадуваше две места и сега е на 6. позиција.

 

 

Последно освежено на Среда, 27 Јули 2011 13:05
Банер
Банер