Macedonian Albanian English German Italian

   Home Архива

Сензационална победа на Работнички на гостувањето кај Анортозис

Петок, 29 Јули 2011 00:45
Печати PDF
Вредниот триумф, петти во исто толку мечеви на европската сцена сезонава, на тимот од Градски парк му го донесоа Милован Петровиќ (71’) и Крсте Велковски (82’).
Средбата се одигра пред 8.000 гледачи, кои беа сведоци на победата на македонскиот тим. Првиот дел им припадна на домашните, а Работнички доминираше во последниот половина час на натпреварит. Одличен настап имаше младиот голман Столе Димитриевски, кој одбрани два тешки удари, а Анортозис во 48 минута преку Немања Вукиќевиќ ја погоди стативата.

Банер
Банер