Macedonian Albanian English German Italian

   Home Архива

Фудбал - Жени: Бугарија - Македонија 2-3

Четврток, 13 Октомври 2011 14:35
Печати PDF

Ова беше втор контролен натпревар помеѓу двата состави кои се подготвуваат за европските квалификации. Вчера во првиот натпревар одигран исто така во Благоевград, заврши нерешено 4:4.
Како и вчера  Македонија поведе  во првата минута на дуелот, кога бугарската одбрана направи голема грешка и овозможи на Гентијана Рочи да постигне гол за водство од 1-0. Бугарките стигнаа до израмнување во 17 мин со голот на  Лилјана Костова. Бугарките во понатапошниот дел од натпреварот имаа повеќе контрола врз играта, но по при едно нафрлување, бугарската одбрана повторно лошо реагираше и во 32 мин и овозможи на Анета Георгиевска да постигне гол со глава за водство од 2-1 . Сепак, во 36 мин нападите на Бугарија доведоа до успех и Вели Кошулева израмни на 2:2, со кој резултат се замина на одмор. На почетокот на  второто полувреме Ширет Браими повторно и донесе предност на  Македонија  од 3-2,  кој резултат беше и конечен. Во пресрет на квалификационите натпревари овие натпревари беа одлична можност на двајцата тренери да ја видат формата на своите девојки.

 

Банер
Банер