Macedonian Albanian English German Italian

   Home Архива

Александар Ставрев ќе ја дели правдата на “Камп Ноу“

Понеделник, 17 Октомври 2011 17:23
Печати PDF
Првпат во историјата на фудбалската Лига на шампионите, македонски судии се делегирани за натпревар од групната рунда во најценетото фудбалско натпреварување на стариот континент.Најдобриот фудбалски арбитер во Македонија Александар Ставрев во среда ќе биде главниот судија на мечот од 3 коло во групата Х меѓу актуелниот шампион Барселона и дебитантот Викторија Плзен. За мечот на Камп Ноу е делегирана комплетна шесторка од Македонија, помошници на Ставрев ќе му бидат Марјан Кировски, Љубомир Крстевски, Дејан Јакимовски, Димитар Мечкаровски и Горан Спиркоски.

Банер
Банер