Квалификации за ЕП: На стартот со домаќинот Турција

Вторник, 31 Мај 2011 12:13
Печати

Прв противник на избраниците на Бочевски е домаќинот на турнирот Турција, а во нашата група уште се екипите на Германија и Унгарија. Голем хендикеп за Македонија ќе биде нeиграњето на најдобриот играч Стефан Ристовски од Парма кој неочекувано беше повикан од селекторот на национланата репрезентација Мирсад Јонуз за саботниот квалификациски натпревар Република Ирскa.

За Македонија ова е трето учество во елитната рунда во која само победникот на групата обезбедува пласман на Европското првенство.

Распоред на натпреварите:

31 мај: Германија - Унгарија (16 ч.), Турција - Македонија (19 ч.);

2 јуни: Германија - Македонија (16 ч.), Унгарија - Турција (19 ч.);

5 јуни: Турција - Германја (19 ч.), Македонија - Унагрија (19 ч.).